Поради реализација на планирани технички интервенции во електропреносната мрежа, утре (петок, 12 јуни) неколку скопски општини и околни населени места ќе останат привремено без снабдување со електрична енергија, информираат од надлежните служби.

Први на списокот се жителите од Драчево и Сарај, каде прекините започнуваат од раните утрински часови.

Во Драчево, во период од 08:00 до 12:00 часот, струја ќе немаат корисниците од улицата „Партизански пат“. Во општина Сарај, од 08:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат село Рашче, село Копаница, село Бојане, Хлорна станица Рашче, како и дел од село Кондово.

Краткотрајни и неколкучасовни прекини се најавени и за општините Карпош, Гази Баба и Аеродром.

Во Карпош, од 09:00 до 09:30 часот, без струја ќе биде дел од потрошувачите од ул. „Иван Цанкар“, а подоцна, од 11:00 до 15:00 часот, прекин ќе има и на дел од корисниците на ул. „Ванчо Мицков“.

Во Гази Баба, од 09:00 до 12:30 часот, без напојување ќе останат ул. 1 и ул. 2 во Нова населба Хиподром.

Во општина Аеродром, струја ќе нема на улицата „Владимир Комаров“ во временски интервал од 09:00 до 15:00 часот.

Последни на списокот се жителите од Сопиште, каде прекинот е закажан во попладневните часови. Таму, од 13:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе биде ул. 1 (потезот од Општината кон Горно Соње).

Exit mobile version