Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (17.03.2026 година), неколку скопски општини ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Најпрво, во периодот од 08:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „2“ во населбата Булачани, поточно околу бројот 7.

Подолг прекин е најавен во општина Аеродром, каде од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат куќите на улицата „Тодор Чангов“ со броевите 35, 37 и 39, како и дел од корисниците на главната улица.

Во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот, со прекин ќе се соочат дел од жителите на улицата „Франц Розман“.

Истовремено, во периодот од 09:00 до 16:00 часот, планиран е прекин за корисниците од селата Побожје, Бродец, Танушевци, Малино и Брест.

Exit mobile version