Голем број на прекршоци забележани во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што ги чинат пешаците, 49 за непрописно паркирање“- соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Надлежните власти апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

 

15.09.2021 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа