ГОБ „8 Септември“: Опремени сме со современи медицински потрошни материјали и лекови и нема никаков финансиски проблем

Градската општа болница „8-ми Септември“ информира дека нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање, како што изјави на денешната прес конференција Синиша Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Менаџментот на Градската општа болница „8-ми Септември“ ја информира јавноста дека болницата е спремна и подготвена во целост да пружи здравствена заштита на граѓаните во рамките на сите нејзини дејности.

Болницата е опремена со сите современи и врвни медицински потрошни материјали и лекови, и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање, како што беше презентирано од страна на Телевизија Телма. ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје и понатаму останува посветена и силно подготвена во борбата со ковид-19, како и со сите останати болести и состојби кои го нарушуваат човечкото здравје“, се наведува во реакцијата од Болницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа