ГОБ „8 Септември“ доби хелиодром

Од вчера во Градската општа болница „8 Септември“ ставен е во функција хелиодромот што се наоѓа на само неколку метри од главниот влез на болницата. Според информации до кои стигна „Макфакс“, директорот Христијан Костов е во интензивни преговори и за набавка на целосно опремен хелихоптер за потребите на болницата со кој за највеќе 30 минути ќе може да се транспортира пациент од  кој било крај на земјата.

„За само половина час може да биде транспортиран пациент до нашата установа од кој било крај на земјата, а за тој период ќе му биде пружена соодветната помош и интервенција доколку тоа е неопходно“, вели Костов за „Макфакс“.

Градската општа болница „8 Септември“ ќе биде првата државна медицинска установа со сопствен медикоптер и хелиодром. До сега хелиодром поседуваше само Клиничкиот центар, но без сопствен хелихоптер за транспорт на пациенти.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега