ГОБ „8-ми Септември“ демантира дека постои листа на чекање за итни хируршки интервенции
ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје најостро демантира, во врска со информациите во одредени медиуми, дека постои листа на чекање за итни хируршки интервенции.
Оттаму информираат дека ГОБ „8-септември“ е Ковид болница со одлука на Министерството за здравство и остануваат посветени на лекувањето на граѓаните.
„Сите наши пациенти кои имаат потреба од селективни хируршки интервенции се известени дека во моментот ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје не е во можност да работи во претходни услови (Мој термин), соопштуваат од болницата.
04.07.2020 - 14:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа