На 28.10.2025 во 13:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.М.(45) од Гевгелија. При преглед кај него и во патничкото возило „пежо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се кокаин, марихуана, мали шишиња исполнети со течност и таблети. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени предмети со остатоци од марихуана. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- ВИДЕО: Цеца исвиркана во Велес – го стави бугарското знаме на раменици
- Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села
- Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот
- Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
- Посебен сообраќаен режим во Бутел поради задушница
- Митровденска задушница – од каде потекнува?
- Денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштените
- Искористете го викендов, од понеделник нагла промена на времето

