Го тепале и му земале пари: Уапсени двајца Авганистанци во Куманово

Во атарот на кумановското село Табановце, полицајци од Регионалниот центар за гранични работи, во соработка со колеги од полициската станица за граничен надзор Сопот, вчера уапсиле двајца мигранти од Авганистан, А.С.(31) и Д.М.(25).

Како што информираат од МВР, за Авганистаниците постои основано сомнение дека извршиле разбојништво врз 28-годишен мигрант од Индија со иницијали Г.С.Г.

По преземени мерки и по извршен разговор со Индиецот, било утврдено дека Авганистанците физички го малтретирале и му одзеле пари.

Украдените пари биле пронајдени кај Д.М., а било утврдено дека сите три лица илегално влегле од Грција на македонска територија и имале намера преку Србија да заминат кон ЕУ.

 

16.09.2021 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа