Го стигна казна: Албанецот кој нападна туристи им го искрши автомобилот, властите со булдужер му го урнаа ресторанот (ВИДЕО)

Надлежните служби го срушија ресторанот на сопствениокот кој минатата недела нападна туристи и со своето тело се обиде да го запре нивниот автомобил, бидејќи наводно не си ја платиле сметката.

Според други наводи пак, 51- годишниот Михал Кокедима  физички ги нападнал откако петчленото семејствосе пожалило на лоша храна и усллуга во реторанот „Панорама“ во Химар на југот на Албанија.

Властите со булдужер му го срушија ресторанот на популарото летувалиште јавува ТВ Клан.

Сопственикот на рестпооранот е уапсен минатата недела, откако нападнал три шпански туристи и двајца Албанци, а државните власти утврдиле дека ресторанот немал дозвола за работа.

На видео снимката се гледа како соптвеникот на ресторанот се фрла на автомобилот и ја крши шофершајбата и на возилото останува наредните пет километри.

Туристите наводно не биле задоволни од храната, а од ресторанот тврдат дека не ја платиле сметката.

Шпанските медиуми пренесуваат дека во возилото биле Еугенио Галдон и неговото семејство, кои патувале со локален возач и водич. Тие наводно го напуштиле ресторанот во кој ручале откако сопственикот станал агресивен.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега