Го смениле методот за Железничка – дојавата за бомба не им ја пратиле на е-маил

 

Утрово дојава за бомба ја испразни Железничката станица во Скопје, при што веднаш на терен пристигнале екипи на МВР.

Според информациите до кои дојде Плусинфо пријавата за поставена експлозивна направа не е преку електронската адреса, туку командирот на полицијата ги известил директорите во МЖ-Транспорт да ја евакуираат зградата. Веројатно, дојавата за бомба стигнала на полициската адреса, но за ова се уште нема официјални иформации.

Полициските екипи веднаш пристапиле со евакуација сите лица кои во тој момент се затекнале во Железничката станица, каде што исто така е главната автобуска станица во Скопје, локалните дуќанчиња, па откако ги извадиле сите лица кои во моментот биле таму, поради безбедност на останатите граѓанин затворен е и сообраќајот околу Железничката станица.

Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатрон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ - се вели во соопштението на МВР

 

 

09.12.2022 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега