Го пријавиле во полиција, а кога се вратил со палка и нож нападнал четири лица во „Градиште“

32-годишен скопјанец нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“ откако тие претходно го пријавиле во полиција.

-Синоќа год. во 01.40 часот во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено на 10.07.2020 околу 21.30 часот во авто-кампот „Градиште“. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно бил пријавен во полиција од Д.Б.(38) за загрозување на сигурноста и од Ф.Г.(40) за оштетување на возилото, физички го нападнал Ф.Г., а потоа со остар предмет ја повредил М.Т., по што со дрвена палка ги нападнал Г.Т. и Ѓ.К., сите од Скопје, велат од полицијата.

Тие се здобиле со телесни повреди, а напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега