Го оставил семејството на цедило: Додека пејачот ужива во млада девојка, неговата сопруга едвај склопува крај со крај

Рене Марфи поднела барање за развод од пејачот Себастијан Изамбард кон крајот на 2018 година, а неколку дена потоа ѝ изгорела куќата.

Пејачот од групата „Ил Диво“, Себастијан Изамбард (47) се разведува речиси две години од сопругата Рене Марфи, а парницата станала жестока, како и нејзината обвинувања преку медиумите.

Рене поднела барање за развод, а кратко потоа на 8 ноември 2018 година ѝ изгорела вилата во Малибу вредна 12,95 милиони долари, во која дотогаш живеела со децата и со Себастијан.

Поради оваа ситуација, Рене била принудена да живее со децата во камп-приколка. Деталите од бракоразводната парница стигнале до јавноста, а се наведува дека Рене ја тужела осигурителната куќа „Стејт Фарм“, својот сопруг, осигурителниот агент и уште 20 луѓе поради несоодветната полиса за осигурување што ја имала изгорената вила.

Во тужбата таа наведува дека морала со трите деца да се пресели во камп-приколка, а дека сопругот не ѝ помогнал финансиски.

Таа додала и дека осигурителната куќа престанала да ѝ исплаќа месечна одштета и дека наместо на нејзина сметка, тие пари биле префрлани на сметката на Себастијан. Така тој заработил помеѓу 15.000 и 20.000 долари.

Рене и Себастијан се вљубиле на средината од 2000-те години кога пејачот со групата „Ил Диво“ бил на турнеја во Сиднеј, додека таа работела како публицист. Се венчале во 2008 година и истата година ги добиле близнавите Роуз и Луси (12), а во 2010 и синот Џуд (9).

Живееле на три локации: во Калифорнија, Париз и Лондон. Рене се грижела за децата, додека Себастијан имал турнеи ширум светот.

„Дијагностицирана ми е болест што ми го промени животот, а најголемиот дел од времето сама се грижам за децата“, рекла Рене кога во 2018 година поднела барање за развод.

Себастијан никогаш не го коментирал нивниот развод јавно за разлика од неа. И додека таа тврди дека се грижи за децата и живее во приколка, пејачот ужива со многу помладата девојка Кортни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа