„Го остави Гојко да умре, а потоа дојде да изрази сочувство“ - исповед на таткото на настраданото момче од Србија

Сите занемевме, Такситот беше кај мене дома да ми изрази сочувство. Ми раскажа дека возел такси до Стапара таа вечер и дека мојот Гојко не бил на патот туку дека 15 минути подоцна го затекнал мртов при враќање и дека астанал да повика полиција.

Со овие зборови ја започнува својата исподевл таткото на Гојко гроздановиќ за чија смрт е уапсен 46-годишниот М.В. таксист за кој постои сомнение дека со своето возило го усмртил Гојко и избегал, а потоа во полиција пријавил дека случајно го нашол во локва крв крај патот.

Миле Гроздановиќ инаку тврди дека никогаш не разговарал со приведениот таксист додека не дошол кај него дома да му изрази сочувство.

-Го познавав површно, од село, но тогаш првпат разговаравме. Што точно се случило дознав после погребот. Јас дете веќе немам, а нему Бог нека му суди и нека биде се според правдата и законот - рекол неутешниот татко.

Тој додава дека не разбира зошто после несреќата не застанал да се обиде да му помогне на неговиот син.

-Мислам дека направил голема глупост. Требал да остане да се обиде да помогне и да му пружи помош на Гојко, а не да избега и да го остави беспомошен. Јас знам дека тоа е сообраќај, дека било мрак и магла и дека секому може да се случи, но најмногу ме боли што избегал и не се обидел да му помогне на мојот Гојко - рекол скршениот татко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2019 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега