Го очекувале првото дете: Стефан настрада, а неговата сопруга се бори за живот по несреќата кај Крушевац

Дваесет и шест годишниот Стефан И. загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај Крушевац, а неговата бремена жена е тешко повредена и лекарите се борат да ѝ го спасат животот.

Во несреќата која се случи утринава во 7 часот, кога се судриле автобус од компанијата „Југопревоз“ и автомобил „фиат пунто“, возачот на автомобилот загинал на лице место, а жената, трудница во поодмината бременост, која била со него во возилото, префрлена е во болница, каде е породена со царски рез.

Според последните информации, жената и понатаму е во критична состојба и поради додатни компликации во тек е втора хируршка интервенција.

-Живеат во Џунис, мојот син со снаата. Требаше на 24. јануари да се породи. Снаата е домаќинка, син ми работеше приватно...Го чекаа првото дете - рекла мајката на загинатото момче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега