Жупаниското државно обвинителство во Пула отвори истрага против 55-годишен државјанин на Македонија за обид за убиство.
Според податоците од хрватските медиуми, Македонецот е осомничен за убиство на 48-годишен државјанин на Србија при инцидент што се случил на брод во близина на Медулин, на 13 јули.
Тој го нападнал со нож српскиот државјанин и повеќе пати замавнувал кон главата и стомакот.
Според истрагата, нападнатиот се обидел да се заштити од ударите, при што се здобил со тешки повреди на раката. Нападот бил прекинат откако друго лице интервенирало и успеало да му го одземе ножот на осомничениот.
По поднесената кривична пријава од Полициската станица Пула, надлежното обвинителство отворило истрага за сомнение за сторено кривично дело – обид за убиство.
На осомничениот му бил предложен притвор поради опасност од бегство, а судијата на Жупанискиот суд во Пула го прифатил предлогот и му определил истражен притвор.


