Општина Аеродром изрече казна од 20.000 евра во денарска противвредност за правно лице, откако при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче бил затекнат камион како незаконски одлага градежен отпад.
Според информациите од Општината, камионот бил фатен на локацијата „Купишта“, каде истурал градежен шут и ископана земја спротивно на Законот за управување со отпад. Општинскиот инспекторат издал прекршочен платен налог, а за сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра.
Од Општина Аеродром порачаа дека ќе продолжат со засилени инспекциски контроли и дека нема да дозволат создавање диви депонии, загадување и уништување на животната средина на територијата на општината


