„Го гушнав и го изнесов надвор“ – млада девојка херојски спасила момче од стан полн со чад во Риjека

 

Настан кој ја враќа вербата во несебичните луѓе се случи во четвртокот попладне во Риjека. Во стан во строгиот центар на градот се одвивала вистинска драма и борба за живот, кога девојка (21), случаен минувач спасила 4 ипол годишно момче од стан полн со густ чад. Причина за густиот чад, кој прерасна во пожар во станот на вториот кат од зградата, е запален шпорет.

Доротеа Орландини е името на девојката која го спасила непознатото момче.

Орландини за „ТВ Дневник Нова“ изјави дека се’ уште не е свесна за се што се случило, но оти е горда на себе, пренесува „Дневник.хр“.

„Се’ уште сум потресенa, немам чувство дека сум спасилa нечиј живот. Многу сум горда на себе што така реагирав“, вели таа.

Случајно се нашла на местото на настанот.

„Тргнав од работа, беше околу 16:30 часот. Случајно поминав и слушнав извици: ‘мамо, мамо’. Мислев дека се деца кои си играат во маало. Нешто ми велеше да се свртам“ опиша Орландини.

Се свртела и забележала двајца возрасни како му викаат на момчето да биде покрај прозорецот.

„Погледнав нагоре и она што го видов беше огромен чад како излегува од прозорецот. Влетав во зградата без оглед на исходот. Ја скршив вратата. Фала му на Бога, се’ помина одлично“, опишува Орландини.

Раскажа дека го нашла момчето, го гушнала и го извадила од зградата, на чист воздух.

Самата вели дека не знае од каде добила толку сила за да ја скрши вратата, а и пожарникарите биле изненадени.

25.03.2023 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа