Го фатиле со украден автомобилво Маџари, па нападнал полицајци

Скопјанец украл џип вчера во центарот на Скопје, но бил фатен во Маџари, по што ги нападнал и полицјците, информираше МВР.

Имено вчера полициски службеници го привеле О.А. (29) од  Скопје поради извршена кражба на возило. Веднаш по добиена пријава од Е.К. Г. (33) дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од улиците Жан Жорес и Благоја Стефковски, а О.А. е приведен, велат од МВР.

При приведувањето осомничениот физички нападнал полициски службеници, но бил приведен во ПС Гази Баба и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега