Го фатиле на дело - Скопјанец го натоварил возилото со дрога

 

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Скопје осомничено дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Според првичните сознанија, осомничениот 29-годишник, на 13 јануари, од непознато лице во Република Албанија набавил 1.300 милилитри хашиш смола и 500 милилитри хашиш масло. Дрогата му била донесена во Струга, каде ја ставил во багажникот од својот автомобил, со намера да ја пренесе и да ја продава во Скопје. Во близина на наплатната рампа кај Гостивар, полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата спакувана во пластични шишиња, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, наведувајќи дека лицето би можело да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците во постапката. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега