Го барале 13. години: Уапсен Македонец кој правел хаос во многу земји низ светот

При влез во Грција, бил уапсен 52 годишен државјанин на Македонија кој се барал со европска потерница,  распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.

Како што објавува АНА-МПА, 52-годишниот Македонец во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура, па подигал пари со уште две лица во различни земји низ светот и направил штета од  над 1.3 милиони евра, од кои над 200 илјади само во Германија. 

Според АНА-МПА, уапсениот бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија, јавува МИА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2019 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега