Го барала германската полиција - го пронашле во Тетово: Фатен дилер на кокаин и марихуана

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вчера вo Тетово го лишија од слобода К.И. (30), кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана, на територијата на Германија.

Како што соопштија од МВР, за ова дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.

Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега