Глигорова: Извршители во моментов во Македонија имаат блокирано сметките на 80.000 физички лица

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, според податоци на НБРМ, Ана Глигорова рече дека во моментов во Македонија блокирани се сметките на 80.000 физички лица.

-Според податоците на НБРМ, 88.000 сметки трансакциски на физички лица се блокирани. Да земеме дека од тие 88.000 лица дел имаат по две-три трансакциски, некои се отселени, некои се починати, тоа е пак огромна бројка. Погодени се некои 100-200 илјади луѓе. Во истиот момент од пензиискиот фонд од ПИОМ, од пезнионерите се одбива по една третина на многу голем број пензионери. Луѓето се доведени до просјачки стап, наплаќајќи нешто што не треба да плаќаа, виртуелно, непостоечко, пердув, го нема - вели Глигорова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега