Главниот уредник на Канал 5 прв новинар заразен од коронавирус во Македонија

Главниот уредник на Канал 5 Гоце Михајлоски е првиот заразен новинар од коронавирусот во Македонија, потврдија од телевизијата. Како што велат во своето писмено соопштение, првиот тест кој Михајлоски го направил на  7 април бил негативен, за два дена подоцна вториот да излезе позитивен.

Викендот на 28 и 29 март, тој бил во посета на своите родители во Прилеп, од каде се вратил и наредниот ден продолжил нормално со својата работа. Откако се појавиле симптомите на Ковид 19 на 5 април, веднаш го напуштил своето работно место.

-Во четврток, 09.04.2020 колегата Михајловски заминува во Воена болница , каде е примен, а утринава не информираше дека сепак е позитивен на Ковид-19. Во насока на следење на препораките за заштита при работа од корона вирусот, последниве неколку недели Канал 5 донесе одлука да сите вработени кои можат да го изведуваат работниот процес од дома, тоа и да го прават, велат од Канал 5 телевизија.

Михајлоски кој до пред четири дена немал никакви симптоми на Ковид 19, како што соопштуваат од Канал 5, минатата недела имаше интервјуа со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Ова на денешната вонредна прес конференција го потврди и министерот Венко Филипче, кој кажа дека и двајцата наредните две недели ќе ги поминат во самоизолација.

-Новинарот е во стабилна здравствена состојба, во моментов е на лекување во болницата 8-ми септември. Во текот на утрото и денот ќе се направат анкети и со точниот наод и бројка на лицата што ќе одат во самоизолација, доколку за тоа има потреба ќе евалуираат епидемиолозите, изјави Филипче.

По обраќањето на министерот Филипче политичките лидери Христијан Мицкоски и Зоран Заев се огчлласија на фејсбук и известија дека засега немаат никакви симптоми, но остануваат во изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега