Главниот координатор за коронавирусот на Сицилија осомничен за корупција

Координаторот за коронавирус на Сицилија и уште девет здравствени работници се уапсени под сомение дека земале мито од произведувачи на опрема и даватели на други услуги со кои потпишувале договори, објави Би Би Си.

Градоначалникот на Палермо Леолука Орландо рече дека станува збор за „крајносериозен систем на корупција“ во текот на кој осомничените наводно земале пет отсто од јавните договори. Овие дејства траеле од 2016. година, а осомничените така присвоиле најмалку 1,8 милиони евра.

Главниот координатор за коронавирус на Сицилија Антонио Кандела сега се наоѓа во домашен притвор, додека Фабио Дамиани, кој се наоѓа чело на јавниот здравствен систем во Трапани, е меѓу оние кои се задржани во полиција. Освен осомничените, судот во Палермо нареди и истрага на седум компании кои се наоѓаат на Сицилија и Ломбардија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега