Гласањето во Тиквешијата без проблеми

Вкупно 55 болни и немоќни лица имаат можност да гласаат денеска во Кавадарци за претседателските избори, во Неготино право на глас можат да остварат 44 лица, во Демир Капија 33, а во Росоман 13, информираат од општинските изборни комисии.

Гласањето се одвива без проблеми.

Според претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Зоран Костов, право на глас во Кавадарци имаат вкупно 32.109 граѓани, а ќе се гласа на 59 избирачки места.

Во Неготино, пак, 15.805 граѓани со право на глас утре имаат можност да гласаат на 28 избирачки места. Во Росоман согласно Избирачкиот список се евидентирани 3.358 граѓани со право на глас на 10 избирачки места, а 11 избирачки места ќе бидат отворени во Демир Капија за 3.331 лице. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега