Глас за Македонија: Градот Скопје веднаш да свика седница за постраданите во земјотресот во Турција и Сирија

„Глас за Македонија изразува длабоко сочувство за постраданите граѓани на Турција и Сирија по ноќешниот катастрофален земјотрес.

Град Скопје и самиот пострада во 1963 година, а последиците беа санирани благодарение на несебичната помош и солидарност на целиот свет. Скопје беше прогласен за град на солидарноста. Денес во Скопје, како ретко каде, постои и ИЗИИС, институт за земјотресно инженерство.

Глас за Македонија го повикува Градот Скопје, веднаш, уште денес, да свика седница на која ќе се одреди точната помош која ние можеме да ја испратиме. Да не заборавиме колку животи беа спасени кај нас со полски болници, медицински персонал и медикаменти, откопувачи на рушевини, стручни луѓе кои знаеја да ги превенираат последиците од големиот број на афтершокови, привремени живеалишта.

Денес е потребна акција, брза, навремена, со олеснети административни процедури. И секако не ни треба политризирање и поделби.

Град Скопје, очекуваме итна акција за помош на постраданите. Секоја минута е важна."- стои во нивното соопштение.

06.02.2023 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа