Ѓуров: САД ќе извршат притисок за побрзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија

САД ќе извршат притисок за побрзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија, смета поранешениот шеф на бугарската Национална разузнавачка служба, генерал Димо Ѓуров.

Во изјава за ТВ Нова, Ѓуров вели дека новата админстрација на американскиот преседател Џо Бајден и Демократската партија се заинтересирани за побрз развој на земјите Западен Балкан и нивно приклучување кон Западна Европа и затоа може да се очекува притисок од Вашингтон за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

– Поради тоа, ние треба да ја аргументираме нашата позиција зашто Американците разбираат аргументи и јасна позиција, и таа задача е во рацете на бугарската дипломатија, вели Ѓуров.

Поранешниот прв бугарски разузнавач очекува притисок од САД и за енергетските проекти во Бугарија во кои е вклучена и Русија, особено за транзит на гас, како и за запирање на проектот за изградба на нуклераната централа Белене. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега