Ѓукановиќ: Поканата од НАТО за Македонија е важна одлука и за Подгорица

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека поканата за Македонија да почне пристапните преговори со НАТО е важна одлука и за Подгорица.

- Се радувам што Северна Македонија ќе стане нова членка на НАТО, истакна Ѓукановиќ.

Тој додаде дека со приемот на нови членки во Алијансата се зајакнува стабилноста на Западен Балкан, туку и на Европа и на НАТО просторот.

Ѓукановиќ најави и дека до 2024 година Црна Гора ќе издвои два отсто од бруто домашниот производ за одбрана, и најави нови мисии во Ирак и во Летонија.

- Прецизно дефиниран план е Црна Гора до 2024 година да издвои два проценти од БДП за одбрана, а во рамките на тоа и некоја година порано ќе одвои 20 отсто за модернизација на војската, истакна Ѓукановиќ.

Тој истакна дека на Самитот се донесено важни одлуки за зајакнување на политиката на одбрана и превенција, борбата против тероризмот и најави воспоставување на тренинг мисија во Ирак.

- Црна Гора ќе учествува и во силите на Алијансата во Летонија, заедно со Словенија, под команда на Канада, истакна Ѓукановиќ. 

 

 

 

11.07.2018 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега