Ѓошевски: Надвор од памет би било да оставам толку фамилии на улица и да се дадам во бегство

Во Кривичниот суд во Скопје денеска објавена пресудата за 17-те преостанати, за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“.

Горан Ѓошевски Леви доби казна од 15 години затвор. Обвинителството побара мерка притвор до правосилност на одлуката за сите обвинети, поради можност од бегство.

Ѓошевски кажа дека нема намера да бега

 

„Надвор од памет би било да оставам толку фамилии на улица и покрај изречената пресуда. Пресудата е донесена, ќе ја почитуваме, ќе ја обжалиме меѓутоа тврдам пред судот дека нема ниеден доказ дека за овој период што бев со мерки на претпазливост сум се обидел или сум имал намера да го избегнам судењето или кривичната одговорност. Четири дена неовластено пред мојата врата јавно беа поставени 24 часовно полицајци можете и во нивните извештаи да видите дали Горан Ѓошевски си дал обид за бегство. Можам да замолам да го земете в предвид фактот во изминатиот период дека и вие како судија не запознавте, не видовте кои сме, сами имате пред вас слика дали некој од нас или јас би се дал во бегство“, кажа Ѓошевски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега