Ѓорѓиевски: Спасовски и Заев се олицетворение на криминалот во Македонија, а Боки Тредичи е нивен изум

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кои вели дека Оливер Спасовски заедно со Зоран Заев ја уништиле државата.

-Господине Спасовски,
Ја уништивте Македонија. Тоа што Вие и вашиот ментор Зоран Заев и го направите на Македонија во овие три години ќе требаат декади за да се надомести. Вие и Заев сте олицетворение на криминалот.
Ваш изум е Боки Тредичи. Вашиот штитеник Боки Тредичи го продолжи тоа што вашите советници го пробуваа на пониско ниво.
Еве прашање до вас, како заврши истрагата против вашиот советник кој изнудуваше и уценуваше со информации добиени од посебни истражни мерки ? Дали Драган Симоновски од куќен притвор си е вратен на работа во МВР ? Ова ли е брза и ефикасна истрага ?
Со Вас и со Заев правда во Македонија немало и нема да има.
Доаѓа време кога ќе одговарате за масовниот грабеж и за криминалот што граѓаните секој ден го гледаат.
Вашите манипулации пред ДКСК се патетични. Побогу, Вие сте министер за внатрешни работи,а кој ако не полицијата има средства да истражи како фирмата на татко на советник во МВР, што вие го вработивте, која прикажува нула приходи, успева да инвестира милиони во нова бензинска пумпа ? Сте фатиле убава боичка на плажа, па сега може малку и да поработите. Не избегнувајте да дадете одговор и на прашањата што веќе ви ги поставивме :
Зошто денеска со вас не беше и Никица Петрушевски, богатиот советник ? Дали има многу обврски во бензинската станица или селектира кандидати за вработување во станицата за технички преглед ? Дали Никица Петрушевски од Куманово е вработен во МВР во Октомври 2018 како советник за комуникации ? Дали Никица Петрушевски е син на Добрин Петрушевски, финансиер на СДСМ во Куманово и сопственик на Пин Петрол? Дали МВР пред два месеци издаде одобрение на Пин Петрол за станица за технички преглед по што фирмата на неговиот татко ја проширува дејноста? Дали имал влијание и какво влијание имал вашиот советник при носењето на одлуката ? Доколку сте загрижени за интегритетот на полициските службеници и нивното богатење во службата, одговорете за колку е зголемено семејното богатство советник Петрушевски откако е вработен во МВР до денес?, прашува преку својот статус Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега