Вечерва во Скопје се одржува акција за чистење.

По тој повод, на прес конференција излезе новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски кој истакна дека од работа во јавните претпријатија отстранети биле вкупно 371 лице.

Како што вели, тие или не оделе на работа или пак вршеле злоупотреба на своето работно место.

„Активностите за откривање на злоупотреби во јавните градски претпријатија ќе продолжат и во наредните денови“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека вечерва до него дошла информација за други злоупотреби, како што истакна, поткрепена со документи.

Изминатиот период биле ангажирани возила за чистење во „Комунална хигиена“ и тие возила се плаќани на име на физички лица на име на интелектуални услуги, во износ од 5 до 10 илјади евра, така што повикувам да се вклучат институциите надлежни за ова и да ја испитаат работата. Јас најавив дека ќе има одговорност и ревизија и еве вечерва ве информирам дека имаме сериозни индиции за прекршување на законите, особено во „Комунална хигиена“, рече Ѓорѓиевски.

Exit mobile version