Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва најави сериозна офанзива против аерозагадувањето, нагласувајќи дека Цементарница „Усје“ не е единствениот проблем. Тој смета дека сите индустриски погони, вклучувајќи ги оние во Железара и фабриките за кабли, мора да се дислоцираат од централното градско подрачје.

Ѓорѓиевски откри дека инспекциите веќе се на терен и дека во изминатиот период се изречени ригорозни казни од по 53.000 евра за индустриски капацитети со Б-интегрирана дозвола. „Триесет години само се констатира проблемот, а никој не мрднал од мртва точка. Сега градиме систем кој ќе ги промени работите“, дециден е градоначалникот.

За неколку дена е закажана и итна средба со премиерот и заменик-министерката за животна средина за да се координираат понатамошните чекори за спас на Скопје од отровниот воздух.

Exit mobile version