Кликни безбедно“ – чекор кон побезбеден интернет за нашите деца

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денес, на покана на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, присуствуваше на промотивното прикажување на едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет.

Станува збор за едукативна содржина наменета за најмладите, која на едноставен, разбирлив и близок начин ја доближува важноста на дигиталната писменост, како и потребата од безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот, рече Ѓорѓиевски.

„Во време кога децата сè порано влегуваат во дигиталниот свет, наша заедничка обврска е да создадеме средина во која технологијата ќе биде простор за знаење, креативност и развој, а не извор на ризици.

Токму затоа ваквите иницијативи имаат особено значење, да ја поттикнат соработката меѓу институциите, училиштата и родителите, со цел побезбеден интернет за секое дете.

Анимираниот филм ќе биде достапен за прикажување во сите училишта низ Македонија, а можност за негово емитување ќе имаат и телевизиите, со што пораката за дигитална безбедност ќе стигне до што поголем број деца и семејства.

Голема благодарност до Министерството за дигитална трансформација за посветеноста и заложбите кон политики и проекти кои ја зајакнуваат дигиталната писменост и онлајн безбедноста, особено кај младите генерации“, посочи Ѓорѓиевски.

Exit mobile version