Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н. Е. Рафаел Сориано Ортиз, придружуван од делегација од Амбасадата. На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка, размена на добри практики и отворање можности за нови партнерства меѓу двете земји, особено во областите на урбанистичкото планирање, зелените политики, културата, економијата и локалниот развој.

„Денеска остварив исклучително конструктивна и пријателска средба со делегацијата на Шпанија, предводена од амбасадорот Н. Е. Рафаел Сориано Ортиз. 

На средбата присуствуваа и Хавијар Морал Ескудеро, советник за економски прашања, како и претставници од Амбасадата.

Му ја претставив мојата визија за развој на Скопје, град кој ќе расте со јасна стратегија, силни политики и современи европски стандарди.

Во разговорот се осврнавме на можностите за продлабочување на билатералната соработка помеѓу нашите земји, со посебен акцент на размена на добри практики во урбанистичко планирање, зелени политики, култура, економија и локален развој. 

Примената на позитивните искуства на Шпанија може значително да придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на сите скопјани.

Изразивме заедничка подготвеност да ја унапредиме комуникацијата и институционалната соработка, со што ќе отвориме простор за нови проекти и партнерства. 

Верувам дека ваквите средби ја зајакнуваат нашата европска перспектива и го позиционираат Скопје како отворен, современ и динамичен град“, изјави градоначалникот на Скопје.

Exit mobile version