Заедно со Орце Ѓорѓиевски, остваривме искрени и топли средби со граѓаните на неколку локации низ Аеродром – зад Капитол, на Детската улица во Ново Лисиче и во Парк Бановина, истакна кандидатор за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески.
-Разговаравме за идеите, потребите и визијата за достоинствен Аеродром. Секој разговор беше потврда дека кога се работи со срце и со народот – вистинските решенија се наоѓаат заедно, истакна тој.
Тие остварија и средби со граѓани со кои пријателски поразговараа.