Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави проект за ревитализација на Градскиот парк, со цел да се создаде позелен, почист и поурбан простор за граѓаните.
-Паркот треба да биде пријатен и релаксирачки, да дава душа и да инспирира. Сакам да создадеме место каде луѓето ќе се дружат, ќе создаваат нови спомени и ќе уживаат во среќни мигови, изјави Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека проектот ќе се реализира во соработка со граѓаните, под мотото „Скопје го правиме заедно, по скопски“. Акцентот ќе биде ставен на одржливост, проширување на зелените површини и современи урбани решенија што ќе го направат паркот централна оаза на главниот град.

