Ѓорчев: Поддршка за претседателот Христијан Мицкопски, за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев на својот официјален Фејсбук профил објави фотографија за поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Поддршка за претседателот Hristijan Mickoski, за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. 

За Македонија и ВМРО никогаш немало лесни времиња. Напротив, тоа е тешко бреме, но каузата е благородна и ја носат храбрите, упорните и силните. 

Заедно продолжуваме понатаму, Македонија ќе победи“ напиша Ѓорчев.

ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе одржи Центарлен комитет, на кој ќе се разговара за последните политички случувања и гласањето во петокот во Собранието.

Постојат две можни сценарија за овој состоанок. Едното е дека партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, бидејќи се смета дека наводно, Мијалков е тој кој ги убедил седуммината пратеници од партијата да гласаат ЗА уставните измени во петокот. 

Второто сценарио, за кое се зборува, е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски, бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата и останал да биде раководен од Груевски, Мијалков и Мартин Протогер.

 

 

 

22.10.2018 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега