Ѓорчев: Кацарска прави кариера на грбот на патриотите кои лежат 300 години затвор

 

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев во денешното гостување во вестите на Сител рече дека пресудата за случајот со набавката на „мерцедесот“ е обична шарада.

-Главната порака е дека кој било од СДСМ што сака да направи за сѐ е покриен, па макар и оставил пари во торба. А кој било што е од ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ќе оди во затвор. Јасно е дека имаме политички нарачани „монтировки“ од власта визави судството, рече Ѓорчев.

Вели дека судијката Добрила Кацарска била наградена зошто десетици луѓе во моментот се во затвор.

 -Јасно е од ова што се прави. Имаме ситуација каде што за уставен судија се наградува личност која што затвори 30-тина луѓе за тероризам за 300 години. Имаме ситуација во која што вечерва десетици деца ќе бидат без нивните татковци зашто некој од власта нарачал нивна пресуда. Јас да сум на местото на Кацарска не би можел во огледало да се гледам, рече Ѓорчев.

Рече дека кога би бил пратеник никогаш не би дал поддршка во Собранието за таа да биде уставна судијка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега