Ѓорчев: Две години пустош- една слика илјада зборови (ФОТО)

Една слика, 1.000 зборови. Две години пустош, напиша Влатко Ѓорчев, член на ВМРО- ДПМНЕ на своот фејсбук профил.

„Никогаш, НИКОГАШ не било вака ЗАПУСТЕНО. Оставено да пропаѓа, НИШТО да НЕ се прави.

Жално и тажно. Оставка!

Руини, уништени објекти, смет, исушени паркови, пресечени дрвја, импровизации...

Ваква е сликата не само на едно место, туку во секоја општина во Македонија. Локалните власти веќе две години одмараат во удобните фотелји, додека граѓаните се заложници на неспособната владеачка гарнитура.

Беа ветувани капитални инвестиции и мегаломански проекти, но општините сега личат на огромни депонии. Гасификацијата беше најнајавуваниот проект на СДСМ, но освен тоа што го направи ВМРО-ДПМНЕ, нема конкретен напредок во оваа област. Истото важи и за сообраќајниот и урбанистичкиот хаос, регионалните депонии кои уште стојат на хартија и загадениот воздух, кој ги труе граѓаните во големите градови.

Низ општините во државава гледаме незавршени проекти, а секојдневно се трупаат нови проблеми со кои граѓаните секојдневно се соочуваат. Непотизмот царува, во општините, нема ниту една инвестиција, се зголемуваат цените на комуналните услуги, а граѓаните остануваат жртви на неспособноста на градските татковци. Образовните институции се претворија во руини, за хигиената во градинките дознаваме преку болестите од кои се заразени децата, а спортските објекти веќе неколку години не се одржуваат.

Со еден збор, од општини кои беа претворени во огромни градилишта, во кои секојдневно се отвараа нови градби, сега имаме општини претворени во паланки каде владее сивило и очај, поради неспособноста на градските татковци!“ Се веи во статусот на Ѓорчев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега