Ѓоковиќ го предаде мечот на Вавринка- публиката го „исвирка“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши натпреварот на УС опен во осминафиналето, откако рано утрово му го предаде мечот на Швајцарецот Стен Вавринка на почетокот од третиот сет, поради повреда на рамото.

Минатогодишниот освојувач на Грен слемот во Њујорк ги загуби првите два сета со 4:6 и 5:7. Во пресрет на третиот, тој побара лекарска интервенција за повреденото рамо. По 1:2 во третиот сет Србинот реши да го предаде мечот, по што публиката го „исвирка“ ваквиот потег на Србинот.

Вавринка кој е шампион на турнирот од 2016 година во четвртфиналето ќе игра против Русинот Данил Медведев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2019 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега