Ѓоковиќ го изненади тенискиот свет: „Со тешко срце го правам ова“

Ѓоковиќ во својата објава на социјалната мрежа Твитер кажал дека неколку денови по неговата номинација АТП усвоил ново правило кое што го ставило во тешка позиција.

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ја повлече кандидатурата за место во АТП Советот на играчи.

Освојувачот на 17 Гренд слема кој што ова лето основаше ново здружение - Унија на играчи, им се заблагодари на сите кои што го номинираа, но исто така објасни и поради што не може да остане во трката.

„Како прво, горд сум на поддршката и довербата од оние кои што ме номинираа. За жал, имајќи ги предвид настаните чувствувам обврска да го повлечам своето име од листата на кандидати. Не сакам да создадам конфликт ниту пак неизвесност кај играчите. Со тешко срце го правам ова.

Искрено верувам дека постои пат кој води напред, нешто што ќе ги унапреди играчите, особено оние кои што се ниско рангирани, а тоа ќе има позитивно влијание на тенисот. Убеден сум дека PTPA тоа наскоро ќе успее да го оствари“, порачал српскиот ас.

Ѓоковиќ во објавата на Твитер кажал како неколку денови пред неговата номинација АТП усвоиле ново правило кое што го ставило во тешка позиција.

Правилото е сите членови од новоформираната PTPA или пак било која друга асоцијација, за која што се верува дека има „судир на интереси“, не можат да бидат номинирани или пак избрани во АТП Советот на играчи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа