Ѓоковиќ доживеа вистинско изненадување: „Знаеш сега сум оженет, нема соблекување маица, мора да ја почитуваме сопругата“

Новак Ѓоковиќ на турнирот "Bubls" имаше интересна средба.

После одиграниот меч се присети на претходниот настап на овој турнир кога на една од навивачките во публика и ја подари маицата.

„Имав некои момнти без маица тука. Се сеќавам имаше една млада дама..пред неколку дена видов фотографија од пред шест години. Седеше овде во рвите редови...ене ја онде“ воодушевен рекол Ѓоковиќ.

„Таа те прогонува“ рекла на шега водителката, по штоо Новак и се обратил на девојката и рекол дека мислел дека ќе ја носи неговата маица, на што таа рекла дека очекува нов подарок.

„Знаеш сега сум оженет, татко сум.Ќе морам да ја задржам маицата, мора да ја почитуваме мојата сопруга, така да не можам овојпат да ја соблечам.Тоа беше пред пет години, но беше само маица да се разбереме“ рекол со насмевка Новак.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2019 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега