Љупчо Пецов Ѓаволот ќе биде еден од ретките осомничени кои од бегство добил куќен притвор. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предложи промена на мерката притвор за еден од главните осомничени за случајот Синџир. И тој како и многу осомничени кои се во оваа фаза на постапката пријавил дека има здравствени проблеми, но и ризици по својата безбедност ако биде во затвор. „ Јавниот обвинител, ценејќи ги здравствените околности, но и сериозните индиции за можни влијанија врз постапката и врз самиот осомничен, фактот дека тој доброволно се пријавил и ги предал двете патни исправи што ги поседува, како и проценките дека со негово сместување во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност, на рочиштето го изменил првичниот предлог. Наместо притвор, предложена е мерка куќен притвор со постојан надзор, со цел да се обезбеди неговото присуство во натамошната постапка“ – се вели во соопштението на Обвинителството. Љупчо Пецов – Ѓаволот е еден од главно осомничените во предметот „Синџир“, голема истрага за финансиски криминал и даночно затајување, отворена кон крајот на октомври 2023 година. Во предметот се опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 компании, за кои постои сомнение дека преку мрежа на фиктивни фактури со ДДВ за наводни, но непостоечки услуги, го оштетиле државниот буџет за околу осум милиони евра. Случајот дополнително доби тежина по апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е и адвокат на Пецов. Обвинителството соопшти дека Стафа во периодот од октомври до 13 декември примил вкупно 50.000 евра за да издејствува Пецов да не оди во притвор.
Актуелно
- Трипуновски: Цената на млекото останува стабилна, се гарантира целосен откуп
- Малолетник од Свети Николе заработи кривична поради закани на социјалните мрежи
- Хоџа: И во 2026 обезбедивме средства за Националните паркови кои се клучен столб во заштитата на природното наследство
- Средба Николоски- Миљаниќ: Потребно е воспоставување на авиолинија меѓу Македонија и Црна Гора
- Поранешна македонска ракометарка е професорката фатена во криминал со издавање лични документи
- Кривична против двајца млади скопјани – со тврд и остар предмет нападнале маж
- За овие три хороскопски знаци не постои „не можам“
- Европската Унија го проблематизира адиктивниот дизајн на ТikTok

