"Ги победивме!" -Ердоган гордо прогласи победа над демонстрантите

Синоќа премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган прогласи победа над антивладините демонстранти откако полицијата ги протера од истанбулскиот парк Гези.

- Нашата демократија беше повторно ставена на проба и ние од тоа излеговме како победници, рече Ердоган за што доби и овации.

- Народот и Владата на партијата оневозможија заговор, планиран од предавници и нивни странски соучесници, изјави Ердоган.

- Од сега „нема да имаме никаква толеранција кон луѓе или организации кои спроведуваат насилство“, додаде тој.

 

најчитано сега