Гевгелија со мост преку Сува Река сообраќајно ќе се поврзе со Грција

 Советниците на општина Гевгелија одобрија да почне изработката на техничката документација за сообраќајно поврзување на Гевгелија со Грција во рамки на проектот на УНДП за градење општински капацитети.

Со проектот што ќе се реализира преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион, предвидено е преку улицата „Борис Кидрич“ долга 1211 метри, која ќе се гради со широчина од 9 метри и тротоари од по три метри, до изградениот мост на Сува Река градот Гевгелија, а со тоа и општината, да се поврзе со државната граница на Грција.

-Проектот е продолжување на иницијативата на општина Гевгелија и општина Пеонија за отворање регионален граничен премин кај Идомени, за локален патнички сообраќај. Иницијативата е актуелна во време на пандемијата од корона вирусот и претставува потреба од воспоставување малограничен проток на граѓаните од двете страни на границата, велат од општина Гевгелија.

И мостот на Сува Река, кој е изграден со средства од ЕУ, е наменет токму за реализација на оваа иницијатива.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа