Героски: Жаки признал дека бил изрекетиран од Коки, пари лапнал и Раки

Откако новинарот Бранко Героски ја објави денешната колумна во која соопшти дека завршил со Кики и Фрики, а во која исто така ја адресираше и хајката што, според него, се води деновиве против него, а во која се вклучени и „новинари“ кои тврдат дека поседуваат снимка на која Орце Камчев наводно му дава 25.000 евра во кеш, тој сподели нова информација околу случајот „Рекет“, која ја добил, како што вели, од „едно врапче“.

Како што пишува Героски на Фејсбук, врапчето му шепнало дека „Жаки“ – псевдоним зад кој се крие важно лице во телекомуникацискиот бизнис, исто така признал дека бил изрекетиран од лицето кое Героски во своите колумни го именуваше како „Коки“. Според признанието на Жаки, дадено „таму каде што треба“, од рекетот се офајдил и „Раки“ – важен човек од власта, во чиј џеб завршила четвртина од сумата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега