Германското списание „Шпигел“ со порака до Турците: „Не отстапувајте!“

Германското списание „Шпигел“ за првпат во историјата излезе со текст на насловната страна на турски јазик, кој гласи „не отстапувајте“.

Се работи за текст кој весникот го напиша во знак на поддршка за учесниците на протестите во Турција против режимот на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Тоа е за првпат во 66-годишната историја на „Шпигел“ текст на насловната страна да излезе на турски јазик.

најчитано сега