Германските доктори ќе користат нови лекови за пациентите со Ковид-19

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан закупил 200.000 дози од лекот кој го користеше поранешниот американски претседател Доналд Трамп кога беше инфициран со вирусот Ковид-19.

Германската Влада купува лек кој е базиран на антитела на вирусот.

– Од следната недела, Германија ќе стане првата земја во ЕУ, во која ќе се користи овој лек. Федералната Влада купи 200.000 дози за 400 милиони евра, што изнесува 2.000 евра за една доза, потврди Шпан.

Според информациите, со овој лек базиран на антитела, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се лекувал кога се заразил со коронавирус.

Антителата во овој случај делуваат како пасивна вакцина. Инјектирањето на овие антитела може да помогне при спречување на тешки заболувања кај ризичните пациенти во рана фаза од инфицирањето.

Активната состојка на REGN-COV2 е комбинација од две специјално развиени антитела, кои се врзуваат со т.н. „заразен” протеин на коронавирусот и на тој начин можат да ја деформираат неговата структура. На тој начин може да се спречи коронавирусот да ги нападне човечките клетки и да се развива. Според „Регенерон”, комбинацијата на две различни антитела треба да спречи мутација на вирусот Sars-COV2. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега