Германски виролог порача: Короната нема да исчезне, ќе се претвори во нов вид

Еден од водечките германски виролози и директор на Институтот за вирологија и истражување на ХИВ при Универзитетот во Бон, професорот Хендрик Штрек изјавил денеска дека не очекува дека коронавирусот ќе исчезне, туку дека ќе стане нов вид на постојано присутниот вирус.

„Во моментов во светот постојат 4 ендемски вируси на корона од ки заболува човекот и мислам дека САРС-КоВ2 се развива во таков вирус“, рекол тој.

Штрек навел дека вирусот нема да може да се уништи додека не имаме вакцина.

„До денес не сме пронашле вакцина против патогени човечки видови на вирусот корона, така што мораме да го интегрирае САРС-КвО2 во нашиот секојдневен живот“, истакнал тој во интервју за Спутњик.

Зборувајчи за главните фактори на зараза, Штрек реков дека постојат два фактори кои се карактеристични за респираторните вируси или за вирусите корона, кои допринесуваат за инфекцијата, а тоа се близината и времето.

„Ако се наоѓате покрај заразена личности и поминувате многу време со неа, најверојатно ќе дојде до инфекција“, нагласил Штрек и додал дека ризикот од инфекцијата дополнително се зголемува во затворени простории, затоа што отсуството на ветер и сонце значи дека капките вирус можат полесно да опстанат во воздухот.

Тој навел дека маските се ефикасни затоа што може да го намалат ризикот од инфекцијата САРС-КоВ2, како што покажале поедини истражувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега