Германски министер за здравство: Не треба на прво кашлање да трчате на лекар

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан изјави дека Германија е на почеток на епидемија по новите шест случаи на коронавирус.

Истакна дека Германија повеќе не може да ги следи ланците на заразата како што тоа го правеше досега.

-Големиот е бројот на лица кои имале контакт со пациенти кои се заразени со коронавирусот. Прашање е дали сега функционира нашата досегашна стратегија за изолација на вирусот и прекинување на ланецот на ширење, истакна Шпан, додавајќи дека е мала можноста епидемијата да ја заобиколи Германија.

На крајот на прес-конференцијата истакна дека граѓаните не треба да креваат беспотреба паника и да шират страв.

-Не треба при првото кашлање да трчате на лекар, истакна Шпан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега